Леонардо Дикаприо и Том Харди присуствуваа на прикажувањето на „The Revenant“. Холивудските заводници ги имаат главните улоги во новиот филм режиран од брилијантниот Алехандро Гонзалес Ињариту.
На црвениот тепих во Лондон, Дикаприо се појави во костум со сина кошула, додека Харди избра кежуал изглед.
Додека Харди го придружуваше својот колега на прикажувањето на „The Revenant“, во негово отсуство нему му беше доделена награда Најдобар актер за филмот „Legend“ на манифестацијата British Independent Film Awards која во исто време се одржуваше во Лондон.
Веќе подолго време се шпекулира дека „The Revenant“ конечно ќе му донесе на Леонардо оскаровска статуетка.