Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Холивудска актерка 20 години глуми тинејџерка

Холивудска актерка 20 години глуми тинејџерка

Не е невообичаено во филмовите актерите да глумат лик кој е помлад или повозрасен од нив. Еден од најпознатите примери е Габриела Картерис која имаше речиси 30 години кога влезе во улогата на 16-годишната Андреа во хит-серијата „Beverly Hills, 90210“.

Бјанка Лоусон е холивудска актерка која 20 години глуми тинејџерки во различни филмови и серии. Денес таа има 34 години.

Бјанка Лоусон

Во 1993 година Бјанка ја глумеше тинејџерката Меган Џонс во серијата „Saved by the Bell: The New Class“. Продолжи да глуми ученичка во средно училиште во серијата „Sister, Sister“ (1995), ѝ се придружи на Бафи во „Buffy the Vampire Slayer“ (1997), две години глумеше тинејџерка во „Dawson’s Creek“, ја доби улогата на Ники во „Save the Last Dance“ (2001), а пет епизоди глумеше млада вештерка во „The Vampire Diaries“.

Бјанка Лоусон„Saved by the Bell: The New Class“ (1993) Бјанка Лоусон„Buffy the Vampire Slayer“ (1997) Бјанка Лоусон„Save the Last Dance“ (2001) Бјанка Лоусон„The Vampire Diaries“ (2009-2011)

Во 2011 година повторно глумеше ученичка во средно во серијата „American Horror Story“. На 31-годишна возраст ѝ се приклучи на екипата на „Pretty Little Liars“ и две години глумеше тинејџерка.

Бјанка Лоусон„Pretty Little Liars“ (2010-2012) Бјанка ЛоусонБјанка не глуми тинејџерка во новата серија Teen Wolf (2012)

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19077 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.