Хејли и Џастин Бибер ги израдуваа фановите со убава вест.
30-годишниот пејач и 27-годишниот модел објавија дека наскоро ќе станат родители. Славниот пар, кој стапи во брак во 2018 година, сподели албум со фотографии и видео во кој се бакнува и најверојатно ги обновува брачните завети. Хејли го покажува трудничкото стомаче облечена во венчаница.
Хејли и Џастин се запознаа во 2009 година на премиерата на документарецот „Never Say Never“.