Хали Бери го отвори своето срце за да им помогне на лицата кои изгубија сè во страшните пожари во Лос Анџелес.
58-годишната актерка се приклучи кон иницијативата на својата колешка Шерон Стоун и изјави дека ќе го донира целиот свој плакар за настраданите семејства.
Со овој потег и Бери и Стоун повикуваат да се донираат облека, ќебиња, пелени и козметика во продавницата Coop, од каде ќе можат да ја подигнат оние на коишто им е најпотребна.
„Го пакувам целиот мој плакар и тргнувам кон COOP! Ако живеете во областа на Јужна Калифорнија, ве повикувам да го направите истото. Ова е нешто што можеме да го направиме токму денес за да им помогнеме на сите раселени семејства на кои им требаат основните работи“ – напиша Хали.
Ужасните пламени јазици уништија цели соседства и одзедоа најмалку 10 животи.