Почетна » Новости » Занимливости » „Божји дар“: Четворката од Бања Лука зачната по природен пат го прослави првиот роденден

„Божји дар“: Четворката од Бања Лука зачната по природен пат го прослави првиот роденден

Матеј, Марко, Лука и Јован го прославија својот први роденден.

Најпознатата четворка од Бања Лука го одбележа овој значаен датум со роденденска прослава и крштевка, а претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ, им подари златник.

Матеј, Марко, Лука и Јован Матеј, Марко, Лука и Јован

Нивните родители Милана и Немања Петровиќ со фотографии и сладок пост им ги честитаа родендените на нивните малечки.

„Среќен први роденден ангели наши мили, да ни сте живи, здрави, среќни и секогаш да бидете храбри и борбени како што сте од првиот ден, а ние секогаш сме тука за да ви бидеме поддршка и ветер во грб. И кога многумина беа несигурни и имаа идеи што е најдобро за нас и за вас, ние бевме сигурни и цврсто верувавме дека вие сте наш Божји дар и дека ќе ни го разубавите животот. Ви благодариме што нè избравте нас и нè научивте да ги поместуваме сопствените граници во секоја смисла. Ве сакаме неописливо. Фала ти Боже и Свети Василиј“ – напишаа тие.

Матеј, Марко, Лука и Јован Матеј, Марко, Лука и Јован Матеј, Марко, Лука и Јован Матеј, Марко, Лука и Јован

Докторите планирале четворката да се роди на 19 јануари минатата година, што било два месеци пред вообичаениот термин за породување. Но, момчињата одлучиле да пристигнат порано и се родија на 14 јануари, на Василица.

Обидите за зачнување на парот започнале кога нивното прво синче Константин посакал да добие братче или сестриче. Но, тие не ни помислувале какво изненадување ги очекува.

„На почетокот од бременоста ни рекоа дека се близнаци. По две недели ни кажаа дека се тројка, а во 11-тата недела од бременоста дознавме дека носам четворка. Сите бевме во шок – докторите, семејството, пријателите. Бременоста беше високоризична. Цела бременост требаше да мирувам, а во болница отидов два месеца пред породувањето“ – рекла Милана.

Матеј, Марко, Лука и Јован Матеј, Марко, Лука и Јован Матеј, Марко, Лука и Јован Матеј, Марко, Лука и Јован

Таа често им овозможува на следбениците на социјалните мрежи да видат како изгледа нивниот живот.

„Голем предизвик е. Нивниот поголем брат секако има голема улога. Тие го обожаваат, си игра со нив и ни помага“ – рекла мајката.

„Гледаме да биде сè што побрзо, но сепак се пет деца. Само за да излеземе надвор се подготвуваме час, час и половина“ – раскажал Немања.

Матеј, Марко, Лука и Јован Матеј, Марко, Лука и Јован Матеј, Марко, Лука и Јован

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21967 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.