Заљубен маж смисли уникатен и интересен начин за да ѝ предложи брак на неговата сакана.
Робин Куријакосе ја запроси својата сакана Реа на сетот на популарното шоу „Тркало на среќата“. Во видеото, таа треба да реши загатка на која точниот одговор е: „Дали ќе се омажиш за мене?“.
Реа брзо го кажува одговорот без воопшто да претпостави дека прашањето се однесува на неа. Тогаш се појавува нејзиниот сакан Робин и клекнува на колено пред неа. Очите ѝ се ококоруваат кога ќе сфати дека набрзо ќе го каже судбоносното „Да“.
„Реа Сузан Метју, дали ќе се омажиш за мене?“ – ја прашува Робин додека го држи вереничкиот прстен. Се разбира, одговорот е „Да“.
„Сè уште сум во шок“ – рекла Реа по снимањето на видеото, во кое таа мислела дека учествува во шоуто по повод 50-годишнината од неговото постоење.
„Како цела Америка, така и јас го видов шокот на нејзиното лице – со отворена уста и ококорени очи. Сè што сакав во тој момент беше да ја прегрнам и да ја вратам во реалноста, за да ѝ ја покажам магијата којашто ја заслужува. Се надевам дека луѓето ја сфаќаат важноста на прославувањето на љубовта и малите нешта кои ја прават секоја врска уникатна“ – рекол Робин.