Да се има дете кое е надежен спортист и кое се натпреварува не е лесна задача, но дефинитивно е магична.
Каролин Мур добро го знае тоа, бидејќи секојдневно го гледа нејзиното дете како посветено тренира и игра на важните мечеви. Помеѓу носењето и земањето од тренинг, навивањето од трибините и справувањето со сите домашни обврски, популарната авторка напиша текст полн со благодарност за секоја минута која ја живее.
Во него ќе се пронајдат сите родители кои им се верна поддршка на своите деца додека тие се занимаваат со спорт:
Кога ќе заврши твојата спортска сезона, завршува и за мене.
Бидејќи иако вие сте оние кои се натпреваруваат, ние родителите исто така знаеме дека има магија во младинските спортови.
Ги поминав изминатите неколку месеци во носење на тренинг, во земање и во навивање од трибините на многу натпревари. Перев и сушев униформи, го хранев твоето секогаш гладно тело, истовремено справувајќи се со распоредот на работа, на училиште и со активностите на нашето семејство.
Некои денови преживувавме со пилешки прсти и чизбургери или се прибиравме дома откако ќе поминеше времето за спиење на твоите мали брат и сестра. Престојувавме во хотели, им ги пренесувавме во живо натпреварите на роднините и се враќавме дома за да најдеме планина облека за перење и обврски.
И знаеш ли што? Секоја исцрпувачка, мачна и прекрасна минута вредеше.
Се спријателив со другите мајки на трибините – од нашиот тим и од другите. Ги споделувавме нашите родителски маки и триумфи во долгите разговори и кратките „Те разбирам“ погледи. Станавме лојални и вистински поддржувачи на сите деца – деца кои ги засакавме како да се наши до крајот на сезоната. Се забавувавме (да, родителите знаат да се забавуваат) и создадовме спомени кои направија да се чувствувам како да сум дел од мој сопствен тим.
Гледањето како го правиш она што го сакаш на теренот? Едноставно никогаш нема да се изморам од тоа.
Гледав како духот ти се издигнува кога работите одеа по твое, а ме болеше кога рамениците ти се спуштаа и срцето ти се кршеше кога не беше така. Го забележав твојот раст – да, во висина, но уште поважно, во самодоверба и карактер.
Победа или пораз, не можам да бидам погорда со тимскиот играч и пријателот во кој прераснуваш. Една од најголемите почести во мојот живот е да ја отворам оваа рака која сè уште се грижи за тебе и да те гледам како одлетуваш. Се разбира, спортот не го прави сето тоа сам од себе, но те учи скапоцени лекции кои те оформуваат на начини кои не можеш целосно да ги разбереш додека не пораснеш.
Сè додека ти не застанеш на трибините за да го гледаш крајот на сезоната.
А кога ќе стигнеш таму, можеби ќе погледнеш подалеку од оградата и ќе ме видиш како седам таму, а тогаш ќе знаеш – крајот на сезоната всушност не е крај на сè. Тоа е уште еден почеток на овој прекрасен живот... живот кој засекогаш сум благодарна што го живеам со тебе.