Само неколку часа откако светот го обиколи тажната вест за смртта на Честер Бенингтон, на Twitter профилот на неговата сопруга се појавија вознемирувачки пораки.
Хакерот објави одвратни лаги напишани во името на Талинда, меѓу кои дека го изневерувала Честер и дека го охрабрила да си го одземе животот.
„Го охрабрив да се самоубие и му реков дека на никого нема да му биде гајле.“
„Претпоставувам дека сега е време да го кажам ова, го изневерував Честер со Мајк Шинода.“
„Никогаш не го сакав и не сум хакирана. Само бев вљубена во парите.“
„Сите продолжуваме брзо, мило ми е што се самоуби.“
Пораките набрзо беа избришани од нејзиниот профил, а многумина ѝ дадоа поддршка и ја осудија бездушната постапка на оној што ги објавил.
Who in their sick mind would hack a wife/mother who just lost the love of their life?
— ToastyProphet (@RemieveStar) July 21, 2017
People are so disgusting why do they have to hack @TalindaB account and make her feel worse ? Only God knows what she is going through now..
— Noor (@ThisisChazendra) July 21, 2017
Somebody hacked Talinda Bennington's twitter and I feel like I'm going to throw up.
— Blake Doyle (@BlakeDoyle41) July 21, 2017
Честер и Талинда стапија во брак во 2006 година. Заедно имаат три деца.