Linkin Park го објавија спотот за „Talking To Myself“ во истото време кога започна да се распространува веста за смртта на фронтменот Честер Бенингтон.
Честер се самоуби на 41-годишна возраст.
Веројатно останатите членови на бендот и менаџментот не беа информирани за големата загуба. Всушност, бендот имал закажана фотосесија истиот ден и се очекувало и Честер да присуствува.