Луис Суарез го напушта Атлетико Мадрид на крајот од сезоната, а клубот му подготви емотивно испраќање.
На стадионот „Ванда Метрополитано“, 35-годишниот фудбалер не можеше да си ги сокрие солзите и дозволи емоциите да го надвладеат. Луис ја доби поддршката од сопругата Софи Балби и нивните три деца, кои плачеа заедно со него.









Сè уште не се знае каде Суарез ќе ја продолжи својата фудбалска кариера.











