Луис Суарез и Софија Балби ги обновија брачните завети неколку дена пред Нова година.
На 10-годишнината од нивниот брак, 32-годишниот фудбалер и неговата 30-годишна избраничка направија прослава во нивната татковина Уругвај на која присуствуваа и нивните три деца Делфина, Бенјамин и Лаутаро.





Софија беше облечена во венчаница од брендот Yolancris, додека Луис носеше костум од Dolce & Gabbana.
Среќниот пар објави фотографии на Instagram.
„Би ти рекла ДА секој ден од мојот живот... Те сакам!“ – напиша Софи.
„Специјален е моментот што славам за 10-годишнината од бракот и што животот ми е посебен покрај тебе. Те сакам затоа што си онаква каква што си и што си совршената жена што ми е потребна“ – напиша Луис.

















Софија и Луис стапија во брак во 2009 година.

На прославата беа присутни и Лионел Меси со сопругата и синот Тијаго, како и Нејмар.





