Томи Хилфигер и неговата сопруга Ди одлучија да се разделат со домот во кој живееја четири години. 65-годишниот дизајнер е во потрага на нов сопственик, кој ќе издвои „мало“ богатство од 27,5 милиони долари за да ужива во луксузниот апартман во Флорида.
Имотот се протега на површина од 1.308 m2 и се состои од седум спални соби, а секој дел од апартманот изобилува со чудесни бои, еклектичен мебел и енергична уметност.










