Џиџи Хадид и Томи Хилфигер ја презентираа и третата заедничка колекција. Модните соработки на 22-годишниот модел и 66-годишниот креатор досега се покажаа како хит, па новата есенска колекција веројатно ќе го повтори тој успех.
„Нашата колекција есен 2017 е за рокенролот и за најбунтовничкиот дух. Со Џиџи сакавме оваа сезона да биде гламурозна, но посмела. Многу се забавувавме додека ја дизајниравме. Отсекогаш сум ја сметал Џиџи за модна икона и со оваа трета капсулна колекција успева да ги избришe границите помеѓу модата и рокенролот“ - изјавил Томи.