Партнерството на Џиџи Хадид и Томи Хилфигер е полн погодок. Модната соработка на 21-годишниот модел и 65-годишниот дизајнер беше еден од најозборуваните настани за време на Њујоршката модна недела.
На ревијата на Хилфигер беа претставени креации дизајнирани од Џиџи.
Над 2.000 гости го следеа модното шоу. Меѓу нив најголемо внимание привлече Тејлор Свифт.
Во изминативе денови, Џиџи и Томи тргнаа во промотивен поход. Славната манекенка во неколку наврати беше фотографирана во стајлинзи кои вклучуваа креации од актуелната колекција.
Хилфигер е дел од дизајнерите кои го следат концептот „види сега, купи сега“.