Ијан Сомерхалдер и Ники Рид ја крунисаа својата љубов со брак во април со романтична церемонија. Преку фотографиите кои ги споделија со списанието „Brides“, популарните актери ни дозволија да фрлиме поглед во нивниот свадбен албум.
Холивудскиот пар ги изненадил најблиските роднини и пријатели со својата венчавка. Гостите не знаеле дека одат на свадба, бидејќи биле поканети на забава по повод вселувањето во новиот дом. По пристигнувањето, сите биле пренесени до местото каде Ијан и Ники го изговориле судбоносното „Да“.
„Не сакавме нашите сакани да се појават со какви било очекувања или да бидат стегнати во формална облека“ – изјавила среќната невеста за списанието.









За свадбениот ден, 27-годишната актерка избрала венчаница од дизајнерката Клер Петибон, а 36-годишниот актер носел костум од Наполи Белучи.





