Ијан Сомерхалдер и Ники Рид ќе станат родители. 38-годишниот актер сподели фотографија на која ѝ го бакнува трудничкото стомаче на својата сопруга и со слатка порака го најави проширувањето на семејството.
„Во моите 38 години на оваа Земја, никогаш не сум доживеал нешто помоќно и поубаво од ова. Не можам да си замислам нешто повозбудливо од наредното поглавје и сакавме да дознаете од нас.“
„Ова е најспецијално време во нашите животи и сакавме да го чуваме само за нас тројцата колку што е можно подолго, за да можеме да уживаме еден со друг и со нашето малечко кое расте многу брзо... оти токму тоа го прават, растат брзо. Благодарам за вашата добра енергија“ – напиша тој.
Минатата недела парот ја прослави втората годишнина од бракот. По тој повод, актерите споделија фотографии од свадбата и со слатки пораки ја изразија љубовта која ја имаат еден за друг.