Џони Деп и Амбер Херд стапија во брак во Лос Анџелес, а само неколку дена подоцна, заминаа на приватниот остров на славниот актер на Бахамите, каде организираа втора свадбена церемонија.
На првите фотографии се гледаат неколку моменти од интимната церемонија на која присуствувале само најблиските пријатели и роднини на парот.
Според гостите, сè било совршено на островот кој е нарекуван и тропски рај, а самата прослава била лежерна и романтична. Изминатиов викенд присутните се забавувале со многу музика, уживале во кулинарски специјалитети и се релаксирале на плажа и нуркајќи во тиркизните води.
51-годишниот актер стана сопственик на островот во 2004 година, кога го купи за 3,6 милиони долари.
Деп и Херд се запознаа за време на снимањето на својот заеднички филм „The Rum Diary“, но започнаа да се состануваат јавно во јуни 2012 година, кога актерот се раздели со долгогодишната партнерка Ванеса Паради. Во јануари минатата година познатиот пар ја објави својата свршувачка.