Австралиското списание „Woman’s Day“ објави фотографии од медениот месец на војвотката Кетрин и принцот Вилијам. Иако новинарите беа замолени да ја почитуваат приватноста на младоженците, сепак некој успеал да стигне до локацијата каде уживаше парот по големата свадба минатата година.

На фотографиите Кетрин и Вилијам се шетаат релаксирано по плажата и пливаат во океанот на Сејшелските острови. Не е јасно како успеал фотографот да го мине обезбедувањето на кралското семејство и да ги направи приватните фотографии.
Според странските медиуми, Кејт и Вилијам се бесни што нивните интимни моменти „истекоа“ во јавност.

Кралскиот пар плаќал по 6.500 долари дневно за да може да ужива подалеку од љубопитните погледи. „Изненаден сум што овие фотографии беа објавени, имајќи го во предвид фактот што војводата и војвотката од Кембриџ беа на меден месец во приватен ресорт, каде што без сомнение веруваа дека имаат целосна приватност. Мислам дека е неверојатно овие фотографии да бидат објавени во Велика Британија во печатена форма“ – изјавил кралскиот фотограф Марк Стјуарт за Socialitelife.
Погледнете видео со фотографиите: