Штотуку беше промовиран видеозаписот за нашата евровизиска песна. Јана Бурческа ќе нè претстави со брзата композиција „Dance Alone“.
„Мислам дека имаме фантастична песна која на сите вас ќе ви се допадне“ – рече Јана.
Видео
Македонската пејачка, која се прослави со учеството во шоуто „Македонски идол“, ќе настапи во втората полуфинална вечер во Киев.
Украина е домаќин на музичкиот натпревар откако минатата година Џамала победи со песната „1944“.