Мина Блажев со возбуда се подготвува за својот настап на детската Евровизија. Македонската ѕвездичка веќе одржа две проби на големата сцена во Тбилиси, Грузија.
„Dancing Through Life“ е песната со која 14-годишната пејачка ќе се обиде да го освои првото место и да ни се врати како апсолутен победник.
Мина ќе настапи сама, но нејзиниот настап ќе биде збогатен со впечатлива анимација. Музичкиот натпревар ќе се одржи за два дена.
За првпат, секоја земја ќе може да гласа и за својот претставник. Гласањето ќе започне денес во 18.00 часот, а ќе заврши во недела (26.11) во 16.00 часот.