Мина Блажев го објави својот нов сингл „Веќе нема“. Песната е дело на Роберт Билбилов, додека за спотот се погрижи Александар Ристовски – Принц.
Во видеозаписот, 14-годишната пејачка се забавува со своите пријатели покрај базен и во автомобил.
Мина ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија минатата година со песната „Dancing Through Life“.