Џони Деп и Амбер Херд се заштитнички настроени кога станува збор за нивната врска и го чуваат приватниот живот што подалеку од медиумите. Но, на вчерашната премиера на филмот „3 Days To Kill“, парот не го избегна заедничкото позирање на црвениот тепих.
50-годишниот актер се појави на холивудската премиера во знак на поддршка на својата свршеница која ја има главната улога во филмот.
27-годишната Херд за свечениот настан носеше црн фустан со длабоко деколте и висок шлиц од креаторот Александар Воте и обувки од Кристијан Лобутин. Во свој стил, Деп носеше костум со впечатлива шапка и несекојдневни обувки.