Џони Деп ја покани својата свршеница Амбер Херд на премиерата на својот најнов филм „Mortdecai“. На црвениот тепих во Лондон, 51-годишниот актер го промовираше филмот без колегите Гвинет Палтроу, Јуан Мекгрегор и Оливија Ман.
За свечената вечер, Џони избра костум од Ралф Лорен, додека неговата 28-годишна партнерка изгледаше како модерна дама во црн женски костум и со лежерна брановидна фризура.
Бројните насобрани фанови носеа вештачки мустаќи, имитирајќи го стилот на Чарли Мордекај, ликот кој Деп го толкува во филмот.