Џиџи Хадид ја искористи слободната вечер без ангажмани на модната писта за да помине време со својот сакан Зејн Малик.
21-годишната манекенка, која е дел од ревиите на речиси сите врвни дизајнери за време на модните недели, и 23-годишниот пејач беа фотографирани додека си разменуваа нежни погледи пред и за време на ревијата на Живанши во Париз.
Облечена во ролка од познатиот француски моден бренд, Џиџи од првиот ред го следеше модното шоу на кое дизајнерот Рикардо Тиши ги презентираше своите креации.















Парот започна да се состанува во ноември 2015 година, а неколку месеци подоцна ја потврди својата врска пред јавноста.