Џејми Дорнан заедно со својата сопруга присуствуваше на премиерата на својот најнов филм „Anthropoid“.
На црвениот тепих во Лондон, 34-годишниот актер позираше прегрнат со саканата Амелија Варнер. Ова е првпат ѕвездата од „Fifty Shades of Grey“ и 34-годишната актерка да се појават заедно на црвениот тепих по раѓањето на нивната втора ќеркичка.






Џејми и Амелија стапија во брак во април 2013 година и заедно имаат две мали ќерки.






Претходно, Дорнан беше фотографиран и низ улиците во Лондон.



