Џејми Дорнан за момент заборави на кариерата за да му се посвети на своето семејство. 34-годишниот актер, кој стекна голема слава со улогата на Кристијан Греј во хитот „Fifty Shades of Grey“, беше фотографиран со својата сопруга и двете деца во Ванкувер, Канада.
На фотографиите, згодниот Џејми и 33-годишната актерка Амелија Варнер шетаат со двегодишната Долси и малото бебенце кое се роди пред два месеци.