Џенифер Лопез за Св. Валентин на својот Twitter профил објави романтична фотографија на која е во прегратката на своето ново момче. На црно-белата фотографија 24-годишниот танчар Каспер Смарт нежно ја прегрнува 42-годишната пејачка и ја бакнува на главата.
Само неколку часа по објавувањето, Лопез се премисли и ја избриша фотографијата. На Twitter остана нејзината порака за Св. Валентин: „Среќен Св. Валентин! Ви посакувам многу љубов денес и секогаш! Ве ценам и ве сакам сите.“
Сепак, Џеј Ло и Каспер не успеаја да избегаат од љубопитните погледни на јавноста, бидејќи папараците ги уловија додека заедно се лулаа и шетаа на плажа во Санта Барбара.
Џенифер Лопез ја објави фотографијата на Twitter еден месец откако нејзиниот поранешен сопруг Марк Антони објави фотографија на која ја бакнува својата нова девојка, која исто така има 24 години.
И покрај тоа што повеќе не се заедно, Марк Антони и Џенифер Лопез продолжија со професионалната соработка и заедно работат на шоуто „¡Q'Viva! The Chosen“.