Очигледно врската на Џенифер Лопез со 24-годишниот танчар Каспер Смарт станува посериозна и 42-годишната пејачка веќе не се обидува да ја сокрие.
Познатата латино ѕвезда го поминала Денот на благодарноста во прегратката на Каспер на Хаваи, а заедно со нив на патувањето биле и нејзините близначиња, Макс и Ема, и неколку други нејзини роднини.
Според известувањата на странските медиуми, Каспер одлично се сложувал со децата на Џенифер и релаксирано си играл со нив на плажа.
Џенифер никогаш не ја негираше врската со Каспер и изјави дека поради своите деца нема да открива ништо за својот приватен живот додека не влезе во сериозна врска. Пред една недела за медиумите врската на Џенифер и Каспер ја коментираше негов пријател кој откри дека парот е заедно само поради секс.
„Каспер рече дека Џеј Ло има неверојатно тело и дека е во подобра форма од сите девојки со кои бил досега. Тој рече дека таа има тело на 20-годишна. Сега се неразделни. Сè е само за секс – и никој не е сигурен дали тоа има некаква иднина“ – изјавил близок пријател на Каспер за The Sun.
Иако Џеј Ло не сака да коментира за својот љубовен живот, од фотографиите кои ги објави TMZ се гледа дека не се плаши да го покаже во јавност.