Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џесика Бил во фотосесија со 4 големи дизајнери за „Elle“

ФОТО: Џесика Бил во фотосесија со 4 големи дизајнери за „Elle“

Џесика Бил го краси јануарското издание на списанието „Elle“. 30-годишната актерка која неодамна стапи во брак со Џастин Тимберлејк позира во повеќе дизајнерски креации и во друштво на четворица големи дизајнери.

На впечатливите фотографии Џесика позира со Кристијан Лобутин, Жан Пол Готје, Азедине Алаја и креаторот на нејзината венчаница, Џамбатиста Вали.

Џесика со Кристијан ЛобутинЏесика со Кристијан Лобутин

Во интервју за списанието, Џесика зборувала за бракот, невестинскиот фустан, медениот месец и плановите за иднината.

Џесика со Жан Пол ГотјеЏесика со Жан Пол Готје Џесика со Жан Пол Готје

За изборот на невестински фустан: „Сакав фустанот да биде многу романтичен и женствен и со форма каква што ретко носам. Никогаш не сум била луда по целосно бели невестински фустани, барем не за себе. Испадна подобро отколку што можев да си замислам. Се чувствував елегантно.“

Џесика со Џамбатиста ВалиЏесика со Џамбатиста Вали

За бракот: „Значи секогаш да имаш до себе некој да ти ја отвора теглата со кисели краставички... со кого ќе ги споделиш успесите и неуспесите и со кого ќе доживуваш авантури. Некој со кого ќе одиш да пливаш гол.“

Џесика со Азедине Алаја во неговото ателјеЏесика со Азедине Алаја во неговото ателје Џесика со Азедине Алаја во неговото ателје

За медениот месец: „Медениот месец е најдоброто нешто на тоа да си невеста. Посакувам да сум на месен месец засекогаш.“

За плановите за иднината: „Целта ми е да работам со одлични режисери. Мали улоги, големи улоги, средни улоги – не е важно. Само сакам да работам со некој кој ќе ме турне во страшно, возбудливо место на кое не сум била претходно.“

Џесика Бил Џесика Бил

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19088 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.