Џесика Алба изгледа отмено и елегантно на фотографиите од новиот едиторијал за британскиот весник „The Sunday Times“.
На фотографиите од едиторијалот „Clean Cut“, 32-годишната актерка носи креации на модни куќи како Џорџо Армани, Келвин Клајн и Ботега Венета, избрани од стилистката Роксен Дансет.
Во интервјуто за весникот, Алба зборувала за мајчинството. „Мајчинството дефинитивно направи да се чувствувам посамоуверена и посигурна. Се чувствувам комфорно во својата кожа и мојата замисла за совршенството целосно се промени. Сега се фокусирам на моето здравје и на тоа да се чувствувам доволно силна за да трчам наоколу, за да можам да поминувам квалитетно време со моите девојчиња“ – изјавила таа.