Џесика Алба зрачи со сексапил на фотографиите од августовското издание на машкото списание „GQ“ UK. За летната фотосесија 33-годишната актерка позираше по едноделни костими за капење.
Во интервјуто за списанието, Алба зборувала за своето тело, за промената која ја доживеала по снимањето на „Sin City“ и за трагично починатиот Пол Вокер.
За изгледот на телото: „Морам да го истакнувам она што го сакам кај своето тело, а стомакот ми е добар. Не сум постојано задоволна од изгледот на моите нозе, но не би го покрила стомакот. Тоа го прават жените, го истакнуваат она што го имаат.“
За животните промени по „Sin City“ (2005): „Се чувствувам многу поприземна, поспокојна и подрска сега. Тогаш бев девојка, бев срамежлива, бев уплашена, бев несигурна, а сега сум жена и поразлично е.“
За Пол Вокер со кого таа глумеше во „Into The Blue“: „Поседуваше детска невиност. Се однесуваше кон сите со почит и им даваше љубов. Многу си ја сакаше ќерка си и постојано зборуваше за неа. Никогаш не му беше гајле за Холивуд.“
Алба постојано е мета на папараците. Деновиве таа неколку пати беше фотографирана со семејството или додека се упатуваше во канцелариите на својата компанија.