Џесика Алба го краси априлското издание на списанието Latina. Облечена во женствени креации, холивудската ѕвезда покажа зошто редовно се вбројува меѓу најубавите жени на светот.
Популарната 31-годишна актерка, која работи на развивање на нејзината компанија The Honest Company за еколошки бебешки производи, зборувала зошто влегла во тој бизнис. „Навистина е тешко да се пронајдат бебешки производи кои не содржат токсични хемикалии, а на кои мајките можат да им веруваат. Големите корпоративни брендови ги означуваат продуктите како еко-пријателски или нетоксични, но најчесто тоа се однесува на начинот на којшто е правено пакувањето, а не на нивните производи“ – објаснила таа.
„Honest Company на чуден начин ми овозможи да бидам покреативна во моите улоги. Навистина работам со луѓе кои ги сакам и ценам и од кои сакам да учам. Мојата работа сега е тука. За мене, глумењето беше за правењето на правилни избори и верувањето во моите инстинкти. Не ги слушав секогаш моите претчувства и не ги правев секогаш вистинските избори“ – дополнила таа.
Кристофер Гавиган, којшто е коосновач на компанијата, ја опишал Алба како неверојатна личност. „Сметам дека повеќето луѓе мислат дека славните се нормални личности кои живеат неверојатен живот, но Џесика е неверојатна личност која живее нормален живот“ – рекол тој.