Џесика Алба пленеше со модерна софистицираност во Њујорк. 33-годишната актерка и бизнисменка отпатува во Големото јаболко за да биде гостинка на конференција посветена на жените кои раководат компании.
Алба беше фотографирана пред и по големиот настан во модерна комбинација во боја на праска од Нарциско Родригез. Елегантниот аутфит таа го надополни со бела чанта Kenzo и сандали на платформа од Chloé.
Долгото палто Џесика во вметна во уште една шик комбинација.
Во рамките на „Executive Women's Conference“, Алба ја сподели приказната за создавањето и развивањето на својата компанија „The Honest Company“.