Џесика Алба присуствуваше на доделувањето на наградите на телевизискиот канал ESPN во Лос Анџелес. На свечениот настан посветен на успешни спортисти, Алба зачекори на сцената за да им додели награда на американските фудбалери.
33-годишната актерка буквално блескаше во креација од високата мода на Ели Сааб од 2006 година и металик обувки од Брајан Етвуд.
Фустанот со футуристички дизајн и бежови, сребрени и златни нијанси на одличен начин го истакна бронзениот тен на Џесика, која со семејството неодамна се врати од одмор во Мексико.
Во изминатава недела популарната актерка неколкупати беше фотографирана на егзотични плажи во Канкун со сопругот Кеш Ворен и ќерката Хонор.