Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џенифер Лоренс го краси септемврискиот „Вог“

ФОТО: Џенифер Лоренс го краси септемврискиот „Вог“

Фокусот на септемвриското издание на американскиот „Вог“ е насочен кон ликот на неодоливата Џенифер Лоренс, која позираше пред објективот на познатиот фотограф Марио Тестино.

Русокосата актерка за потребите на фотосесијата позираше во креации на Прада, Луј Витон, Ралф Лорен, Долче и Габана и Келвин Клајн.

Во центарот на корицата е лицето на 22-годишната ѕвезда, кое открива продорен и хипнотизирачки поглед. Изгледот е надополнет со минимална шминка, неутрални усни и лежерна фризура во природна руса нијанса.

Џенифер Лоренс Џенифер Лоренс

Лоренс, која се прослави со улогата на Кетнис Евердин во „The Hunger Games“, а на почетокот на годинава доби Оскар за најдобра женска улога во „Silver Linings Playbook“, смело открива детали од своето детство за читателите на Vogue, признавајќи дека како помала се борела со анксиозност, а нејзините родителите ја носеле на терапевт. „Бев чудак. Не ме задеваа или нешто слично. И не бев поумна од другите деца, тоа не е причината поради која не се вклопував. Отсекогаш имав чудна анксиозност. Мразев распусти. Не сакав екскурзии. Забавите ми предизвикуваа стрес. Имав поразлична смисла за хумор“ – признава таа.

Откако ја добила својата прва филмска улога во ТВ серијата „The Bill Engvall Show“ во 2007 година, било јасно дека актерството е она што ја исполнува и ја прави среќна и дека повеќе нема потреба од психолошко советување.

Џенифер Лоренс Џенифер Лоренс Џенифер Лоренс

Самиот факт што Џенифер се вбројува во најактуелните актерки во Холивуд, ја става во центарот на вниманието на медиумите, но таа вели дека воопшто не ѝ се допаѓа тоа. „Одненадеж целиот свет чувствува дека има право да знае сè за мене, вклучувајќи го и тоа што правам за викендите кога времето го поминувам со мојот внук. И јас немам право да кажам: Со своето семејство сум! Ако бев просечна 23-годишна девојка и се јавев в полиција за да им кажам дека има непознати мажи кои спијат на мојот тревник и ме следат до Starbucks, ќе скокнеа во акција. Но, затоа што сум славна личност, ми велат, жалам госпоѓице, не можеме да направиме ништо. Нема смисла... Јас сум само нормална девојка и човечко суштество и не сум доволно долго во ова за да чувствувам дека ова е моето ново нормално секојдневие. Нема да се помирам со тоа“ – вели таа.

Џенифер Лоренс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.