Џенифер Лопез зрачеше со сексапил во бел комбинезон од Зухаир Мурад за снимањето на новата епизода на American Idol.
Kреацијата од колекцијата висока мода есен/зима 2014 на либанскиот дизајнер 45-годишната музичка ѕвезда ја искомбинира со сандали од Версаче.











За време на снимањето на полуфиналето на музичкото шоу, Лопез зборувала за нејзините концерти кои следната година ќе се одржат во Лас Вегас. Дваесетте настапи ќе траат по два часа и ќе започнат во јануари 2016 година.
„Се подготвував за овој момент целиот мој живот... Ќе има танцување, хип-хоп, латино и поп. Ќе има сè“ – изјави Лопез.
„Многу возбудена. Ова ќе биде шоуто кое отсекогаш сонував да го создадам“ – напиша Лопез во описот на видеото на Instagram со кое ги најави настапите.
За претходната епизода на American Idol славната пејачка носеше краток фустан од House of CB. Својот стајлинг Лопез го комплетираше со обувки од Casadei.

