Џенифер Лопез пленеше со лежерна елеганција на снимањето на новата епизода на музичкото шоу American Idol.
45-годишната пејачка и актерка носеше бели кратки панталони и свилена блуза од својата колекција за Kohl’s. Во стајлингот значајно место добија и златни сандали од Џузепе Ѕаноти.



Претходно Лопез собираше комплименти од гледачите на шоуто со блескав комбинезон од Ели Сааб.

