Џенифер Лопез е вистинска мистична убавица на фотографиите од гламурозниот едиторијал за „InStyle“.
44-годишната ѕвезда позираше пред објективот на Микеланџело Ди Батиста во креации на Рим Акра, Гучи и Ланвин, додека на корицата блесна во колоритен фустан од Шанел.
Во интервјуто за списанието, Џеј Ло споделила дека нејзината ќерка Еми уште од мали нозе сакала да се дотерува. „Еми е опседната со шминка. Таа става руменило на очите и сенка за очи на лицето, многу е артистична. Обожава да ги носи моите обувки. Се шета со моите чевли на штикла уште од времето кога имаше една година“ – рекла таа.
Младоликата Лопез редовно мами воздишки со својот изглед. Во интервјуто таа зборувала и за тоа дека гледа промена во ставовите за стареењето во Холивуд. „Пресвртната точка беше пред неколку години, кога септемвриските изданија на женските списанија на кориците ставија жени кои имаат над 40 години – Џенифер Анистон, Хали Бери, Сандра Булок, Џулија Робертс, мене. Беше тешко да не бидеш среќна. Тоа зборува нешто за нашето општество“ – објаснила таа.