Џенифер Лопез шармираше во елегантен макси фустан на снимањето на новата епизода на познатото музичко шоу American Idol.
45-годишната ѕвезда избра креација со длабоко деколте од колекцијата есен 2015 на Blumarine. Стилскиот избор Лопез го надополни со црни сандали од Gucci.







Славната пејачка и актерка по завршувањето на снимањето беше „уловена“ од папараците како излегува од ресторан заедно со Каспер Смарт. Најверојатно Лопез ја обнови врската со 28-годишниот кореограф, бидејќи во изминатите седмици неколку пати беа фотографирани заедно.



Во претходната епизода на шоуто Џенифер се појави во креација од Nicolas Jebran и сандали од Stuart Weitzman.
