Џенифер Лопез секогаш е на видикот на љубопитни папараци. 45-годишната актерка и пејачка беше фотографирана во летно лежерно издание додека беше на прошетка со своите мали близначиња.
Лопез и 7-годишните Макс и Еми го разгледуваа Хемптонс, Њујорк.
Џеј Ло е чест посетител на Хемптонс, а во 2011 година таа токму таму купи куќа од 18 милиони долари.