Џенифер Анистон оваа година е многу активна на пазарот за недвижнини. Поранешната ѕвезда од серијата „Пријатели“ си купи и трет стан во Њујорк.
За 9 милиони долари 42-годишната актерка присвои луксузен стан од скоро 300m2 со 3 спални соби и 3 бањи, кој се наоѓа во зграда со куќни помошнички, батлер, лични помошници за шопинг, оддел за организирање на настани и готвачи.
Откако Џен ја започна романсата со актерот Џастин Теру, околу нив постојано кружат гласини за брак и деца. Купувањето на овој стан уште повеќе ќе ги засили гласините, бидејќи станот има не една, туку две детски соби.