Џенифер Анистон ги пакува своите куфери за преселба во Њујорк, во новиот дом кој вклучува два стана со прекрасна глетка. 42-годишната актерка допрва ќе треба да се грижи за реновирање на њујоршките станови, а во меѓувреме имаме можност да ѕирнеме како изгледаше нејзиниот стар дом кој сега е понуден за продажба.
Големиот имот од околу 900 метри квадратни се наоѓа во Лос Анџелес и се продава за 42 милиони долари.
Џенифер го купила имотот во 2006г. за 13,5 милиони и веднаш започнала да инвестира во негово реновирање.
Неодамна таа објасни зошто реши да го продаде својот дом од соништата. „Ова лето се разбудив на сред ноќ во Лондон, не можев да заспијам и знаев дека навистина треба да си го поедноставам животот. Заедно со тоа ми дојде мислата дека треба да ја продадам мојата куќа во Беверли Хилс. Си помислив – чекај, само што ја доградив, таа беше како мое срце, мој проект, моја љубов – но сфатив дека е премногу за мене. Не сум таква личност“ – изјавила таа за People.