Џенифер Анистон и Џастин Теру го пронајдоа својот нов дом. Според TMZ, Џен купила огромна куќа во Лос Анџелес која ќе ја дели со Џастин.
Имотот е изграден во 1965 година и се простира на речиси 800m2. Првичната цена била 24 милиони долари, но 42-годишната актерка од „Пријатели“ успеала да ја намали цената за 3 милиони.