Потрагата на Џенифер Анистон по идеалното место за живеење во Њујорк заврши. Најновите информации велат дека Џен го пронајде местото кое сака да го нарекува свој дом.
Прво беше објавено дека „Рејчел“ купила стан со една спална соба за 5,9 милиони долари. Но, како и на секоја ѕвезда, на Џен ѝ бил потребен повеќе простор, па го купила и станот на подолниот кат за 1,8 милиони долари.
Така, 42-годишната актерка најверојатно ќе ужива во 250 метри квадратни затворен простор и тераса од 84 метри квадратни. А како што можете да видите, глетката од терасата е фантастична.
Џен неодамна во интервју за Good Morning America призна дека бара место за живеење во Њујорк. „Барав, барав и барав. Израснав овде. Ми недостига. Нема ништо слично како тоа да си во Градот на секој човек (Њујорк)“ – изјави таа.