Џенифер Анистон и Џастин Теру уживаат на романтичен одмор на Бахами. 47-годишната актерка и 44-годишниот актер беа „уловени“ од папараците додека се релаксираа под сончевите зраци на песочните плажи и се ладеа во бистрите тиркизни води.
На фотографиите, ѕвездата од серијата „Friends“ носи бикини микс во црна и плава боја.
„Беа многу блиски физички. Изгледаа романтично и се бакнуваа. Тој беше многу внимателен кон неа“ – изјавил извор за Daily Mail.

























По 4-годишна врска, холивудскиот пар стапи во брак во мај минатата година на интимна церемонија во дворот на нивниот дом во Бел Ер.