Џастин Тимберлејк и Џесика Бил ги привлекоа објективите на фоторепортерите на галата „Night of Stars“, организирана од Fashion Group International.
На свечената церемонија која се одржа во Њујорк, славната актерка носеше тиркизен фустан од Долче и Габана, додека популарниот пејач се појави во црно-бела вечерна комбинација.



Тимберлејк беше меѓу славните лица кои примија награда. Тој беше почестен со наградата „Lord & Taylor Fashion Oracle“ за неговата линија облека William Rast.






Џастин и Џесика пред шест месеци станаа родители. Парот го доби синот Сајлас Рендал.

