Систин Роуз Сталоне нема намера да го наследи татко си Силвестер Сталоне и да се бори за место во Холивуд. Но, затоа пак тргнува по стапките на својата мајка Џенифер Флавин и веќе започна да гради кариера во модната индустрија.
16-годишната девојка е категорична дека сака да стане модел, а нејзиниот најнов едиторијал е за „Teen Vogue“.
Во интервјуто за списанието, Систин признала дека е ужасна актерка. „Јас сум ужасна актерка! Мразам да се гледам себеси на камера, изгледам смешно“ – рекла таа.
Сопругата на Сталоне, Џенифер Флавин е поранешен модел, па Систин вели дека мајка ѝ ја подучува како да чекори низ светот на модата. „Таа ме подучи која е мојата добра страна, која е мојата лоша страна, како да чекорам на писта и како да се претворам во друга личност кога носам одреден аутфит“ – изјавила таа.
Силвестер Сталоне има уште две ќерки, 18-годишната Софија Роуз и 12-годишната Скарлет Роуз. Минатата година целото семејство неколку пати заедно чекореше на црвениот тепих.