Поранешниот дом на покојниот кошаркар Коби Брајант и неговата сопруга Ванеса повторно е на продажба.
Атрактивниот имот во Калифорнија пред шест месеци беше купен за 2 милиони долари од агентката за недвижности Џоџо Ромео, а откако го реновираше, ја зголеми неговата продажна цена за половина милион.
Куќата уредена во тоскански стил се протега на површина од 223 м2, а вклучува три спални соби и 2,5 бањи, џакузи, кино и фитнес сала.
Ванеса го продаде имотот во октомври минатата година.