Џенифер Лопез присуствуваше на Billboard Latin Music Awards што синоќа се одржа во Лас Вегас.
48-годишната музичка ѕвезда ги истакна тонираните нозе во кратко фустанче од Дејвид Кома. Сребрениот фустан Лопез го искомбинира со чантичка од Џудит Либер и накит од Лорејн Шварц.
Не остана незабележана и нејзината ултра долга коса, која достигнуваше до колената.
На црвениот тепих, славната пејачка беше придружувана од саканиот Алекс Родригез.
Како и обично, Џеј Ло приреди спектакуларен настап. На сцената, таа ја изведе својата нова песна „El Anillo“.