Шерон Стоун привлекуваше погледи на хуманитарна гала во Калифорнија. 57-годишната актерка се појави во фустан со крилја, кој совршено се вклопуваше со темата на свеченоста „Enchanted Garden“ (Маѓепсана градина).
Холивудската ѕвезда и Џо Џонас беа домаќини на вечерата. Целта на оваа гала која се одржува секоја година, е да се соберат средства со кои ќе им се помогне на студенти кои немаат финансиски можности да го продолжат своето образование.



